Za Proektot
Запознај го проектот подобро












Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) е четиригодишна инвестициска операција финансирана со донација од Европската унија (ИПА 2) и се состои од четири компоненти.
ПЛРК се заснова на сеопфатен пристап кон развојот на туризмот и управувањето со
дестинациите и ќе обезбеди инвестициско финансирање и градење на капацитет како
поддршка на растот на секторот, инвестициите во дестинациите и просперитетот на
конкретните дестинации.
Развојната цел на проектот ПЛРК е подобрување на придонесот на туризмот во локалниот економски развој и подобрување на капацитетот на владата и јавните субјекти за поттикнување на растот на туризмот и олеснување на управувањето со дестинациите. дестинациите.


Компоненти на проектот
Провери ги фактите
Цел
Подобрување на придонесот на туризмот во локалниот економски развој и подобрување на капацитетот на Владата и јавните субјекти за поттикнување на растот на туризмот и олеснување на управувањето со дестинациите.
Буџет
Проектот е финансиран со грант од 18.000.000 евра од Инструмент за претпристапна помош II на ЕУ (ИПА II) и ко-финансиранладата на Република Северна Македонија со 3.176.471 евра.
22.914.925 €
Времетраење
14.01.2016 – 31.12.2019
Донатор
Европска Унија.
Администратор
Светска Банка * Проектот е администриран од страна на Светска Банка, преку доверителски фонд (Доверителски фонд за локална и регионална конкурентност во туризмот), со примена на
соодветни насоки и постапки на Светска Банка за управување со животната средина и социјалните аспекти, финансиско управување, подршка за набавки и имплементација.
Одговорна институција за спроведување
Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања (КЗПВРМ)
Компоненти на проектот
1. Техничка помош за развој на туризмот.
2. Зајакнување на управувањето со дестинацијата и поволното опкружување.
3. Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите.
4. Зајакнување на управувањето со Проектот.
Улоги и одговорности
ПЛРК е управуван како Хибриден Доверителски Фонд. Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања е институцијата задолжена за спроведување на проектот. Главната единица за спроведување на ПЛРК е Единицата за спроведување на проектот (ЕСП) основана во рамките на Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања. Светска банка групација е одговорна за надзор на Проектот (компонентите 2,3 и 4) и спроведување на Компонента 1. Делегацијата на ЕУ има советодавна улога во Управниот комитет на проектот. Управниот комитет е составен од 9 претставници назначени од
следниве институции: Кабинет на Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, како Претседавач со Управниот комитет на проектот; Секретаријат за европски прашања; Министерство за финансии; Министерство за економија; Министерство за локална самоуправа; Министерство за култура; Министерство за транспорт и врски; Министерство за животна средина и просторно планирање; Агенција за унапредување и поддршка на туризмот
Резултати
Дополнителни инвестиции на приватниот сектор во туристички активности во одбраните дестинации.
Зголемување на бројот на работни места поврзани со туризмот во одбраните дестинации.
Воспоставување на процесот на управување со дестинации.

