Подобрување на пристапноста и атрактивноста на Сончева езерска населба Мантово и околината
Општина Конче
Цел
Да се подобри пристапноста и да се зголеми атрактивноста на сончева езерска населба Мантово.
Вредност
Вкупен буџет за потпроектот:
17.779.506,00 денари
Европска Унија и Влада на РСМ:
15.742.740,00 денари
Општина Конче:
2.036.766,00 денари
Активности
01/02
Рехабилитација на пат Брана Мантово – село Габревци во должина од 6.5 км
Обележување на патеки во должина од 3 км
Осветлување на локалитетот “Влашки Колиби”
Набавка и поставување на урбана опрема
Поставување и дизајн на инфо табли и патокази
Останати информaции
02/02
Езерото „Мантово“ е вештачка акумулација на реката Крива Лакавица во југоисточниот регион на државата. Околината на езерото се карактеризира со чист воздух, прекрасен пејзаж и пријатна микроклима. Пријатната клима со температура на водата од 24ºC во летниот период е погодна за капење и практикување на водните спортови. Застапеноста на повеќе видови на риби создаваат добри предуслови за спортски риболов, а издолжените вертикални граматни карпи во близина на ридот Габровска Чука овозможуваат добри услови за алпинистичко искачување.
Запознај го тимот кој помогна
во реализација на проектите