Потпроект „Туристички центар Вевчани – Еден центар еден туристички производ“

Потпроект „Туристички центар Вевчани – Еден центар еден туристички производ“

Корисник
Општина Вевчани
Sponsor Logo
Дестинација
Охрид, Струга, Преспа и околината
Sponsor Logo
Цел
Да се зголеми атрактивноста на дестинацијата и подобри доживувањето на туристите преку воведување на нов интегриран туристички производ.
Вредност
  • Вкупен буџет за потпроектот: 60.516.100,00 денари
  • Европска Унија и Влада на РСМ: 51.458.658,00 денари
  • Општина Вевчани: 9.057.442,00 денари
Активности
  • Реконструкција на руиниран објект на поранешно основно училиште со пренамена и адаптација во туристички центар со вкупна површина од 1400 m2
  • Отворање на музеј за промоција на богатото културно наследство на Вевчани
  • Адаптација на просторија за презентирање на флората и фауната од заштитеното подрачје „Вевчански извори“ и планината Јабланица
  • Отворање на продавница за сувенири
  • Адаптација на простории за одржување на настани, конференции, семинари и работилници
  • Набавка на опрема за функционално уредување на мултимедијален туристички центар
  • Дизајнирање и печатење на промотивни материјали
  • Спроведување на онлајн промотивна кампања за дестинацијата