Потпроект: „Смарт Езеро Младост„

Потпроект: „Смарт Езеро Младост„

Корисник
Општина Велес
Sponsor Logo
Дестинација
Тиквеш и околијата
Sponsor Logo
Цел
Да се создаде првата СМАРТ (паметна) туристичка атракција во нашата држава преку активирање на потенцијалот на вештачкото езеро „Младост“
Вредност
  • Вкупен буџет за потпроектот: 61.972.091,00 денари
  • Европска Унија и Влада на РСМ: 55.505.755,00 денари
  • Општина Велес: 6.466.336,00 денари
Активности
Инфраструктурни активности:
  • Доградба и реконструкција на пешачка патека од влезот на езерото „Младост“ до хотел „Романтик“ во должина од 1580 м
  • Доградба на пристапен пат до винаријата „Сопот“ во должина од 726 м
  • Инфраструктурно уредување на еко – камп со површина од 1500 м2
  • Уредување на смарт паркинг со користење на дигитален систем за управување со капацитет од 23 паркинг места
  • Подобрување на велосипедските патеки со должина од 17.5 км околу езерото „Младост“
  • Уредување на регионално туристичко биро во градот Велес
Набавка на:
  • 20 велосипеди со смарт уред и дигитален систем за управување
  • 5 смарт клупи на соларна енергија
  • 1 полнач за електрични возила B+
  • 30 канти за селекција на отпад
  • 5 контејнери со смарт уред за следење и дигитален систем на Управување
Набавка и поставување на опрема за сигнализација:
  • Промотивен билборд во близина на винаријата „Сопот“ за промоција на езерото „Младост“ и Вардарскиот регион
  • 5 унифицирани табли со информации за најзначајните атракции во регионот
  • 5 табли со информации за флората и фауната на езерото „Младост“
  • 5 табли со пораки за заштита на околината
  • Поставување хоризонтална и вертикална сигнализација како и на 6 унифицирани табли од дрво на местата за одмор долж велосипедската патека (17,5 км)
Промотивни активности:
  • Изработка на 2 промотивни спота за езерото „Младост“ и регионот
  • Изработка на 2000 промотивни брошури и 5000 флаери
  • Изработка на веб страна