Потпроект „Развој на туризмот во Сарај и Матка“

Потпроект „Развој на туризмот во Сарај и Матка“

Корисник
Фондација за развој на образование и култура Албиз
Sponsor Logo
Дестинација
Скопје, Куманово и околината
Sponsor Logo
Цел
Да се зголеми туристичката посетеност и продолжи туристичката сезона во Општина Сарај и кањонот Матка.
Вредност
  • Вкупен буџет за потпроектот: 4.190.152,00 денари
  • Европска Унија и Влада на РСМ: 3.771.137,00 денари
  • Фондација Албиз: 419.015,00 денари
Активности
  • Уредување, обележување и маркирање на пет туристичко-рекреативни патеки за пешачење на Водно и Сува Гора во должина од 40 км
  • Создавање алатки за промоција на туристичките содржини и потенцијали во Општината Сарај и кањонот Матка и тоа:
    • Изработка на туристичка топографска карта
    • Изработка на туристички водич
    • Изработка на видео спот
    • Изработка на мобилна апликација
  • Обука на пет професионални водичи во планина според меѓународниот стандард UIMLA
  • Изработка на информативни табли и материјали за подигање на јавната свест на локалното население за поголема грижа кон животната средина
  • Организирање јавни трибини со локалното население и училиштата за поттикнување на претприемништвото во туризмот и подигање на јавната свест за поголема грижа кон животната средина