Потпроект „Подобрување на пристапноста и атрактивноста на Сончева езерска населба Мантово и околината“

Потпроект „Подобрување на пристапноста и атрактивноста на Сончева езерска населба Мантово и околината“

Корисник
Општина Конче
Sponsor Logo
Дестинација
Струмица и околината
Sponsor Logo
Цел
Да се подобри пристапноста и да се зголеми атрактивноста на сончева езерска населба Мантово.
Вредност
  • Вкупен буџет за потпроектот: 17.779.506,00 денари
  • Европска Унија и Влада на РСМ: 15.742.740,00 денари
  • Општина Конче: 2.036.766,00 денари
Активности
  • Рехабилитација на пат Брана Мантово – село Габревци во должина од 6.5 км
  • Обележување на патеки во должина од 3 км
  • Осветлување на локалитетот “Влашки Колиби”
  • Набавка и поставување на урбана опрема
  • Поставување и дизајн на инфо табли и патокази
Останати информaции
Езерото „Мантово“ е вештачка акумулација на реката Крива Лакавица во југоисточниот регион на државата. Околината на езерото се карактеризира со чист воздух, прекрасен пејзаж и пријатна микроклима. Пријатната клима со температура на водата од 24ºC во летниот период е погодна за капење и практикување на водните спортови. Застапеноста на повеќе видови на риби создаваат добри предуслови за спортски риболов, а издолжените вертикални граматни карпи во близина на ридот Габровска Чука овозможуваат добри услови за алпинистичко искачување.