Потпроект: „Онлајн маркетинг и комуникација за одржлив развој на руралниот туризам“
Цел
Да се зајакне руралниот туризам во Република Северна Македонија преку онлајн маркетинг и комуникации.
Вредност
- Вкупен буџет за потпроектот: 5.713.000,00 денари
- Европска Унија и Влада на РСМ: 5.141.129,00 денари
- Центар за одржлив развој – АЛКА: 571.871,00 денари
Активности
- Идентификување на 250 објекти и услуги за рурален туризам и нивна промоција
- Дизајн, развивање и промоција на онлајн платформа
- Спроведување на меѓународна онлајн маркетинг кампања за руралниот туризам во Република Северна Македонија
- Организирање на 6 регионални обуки за онлајн маркетинг и комуникација за 120 даватели на рурални туристички услуги
- Воспоставување центар за поддршка на давателите на рурални туристички услуги
- Давање на 3.000 часови техничка помош на 60 даватели на рурални туристички услуги
Останати информaции
Здружение за рамноправен развој – РЕШЕНИЈА ЗА РАЗВОЈ е партнер во спроведувањето на овој потпроект.