Потпроект: „Иновативно поврзување на дестинациите за подобрена испорака на туристичките услуги“

Потпроект: „Иновативно поврзување на дестинациите за подобрена испорака на туристичките услуги“

Корисник
Друштво за туристичко посредување, превоз, изнајмување на автомобили и услуги Ин Травел – Скопје
Sponsor Logo
Дестинација
Скопје, Куманово и околината
Sponsor Logo
Цел
Да се зајакне локалниот економски развој и да се зголеми атрактивноста на државата како туристичка дестинација преку подобрување на туристичката понуда
Вредност
  • Вкупен буџет за потпроектот: 4.460.500,00 денари
  • Европска Унија и Влада на РСМ: 2.230.250,00 денари
  • Ин Травел – Скопје: 2.230.250,00 денари
Активности
  • Воведување нова технологија за комуникација со гостите во хотелот „Сити Парк“ во Скопје преку набавка на 45 таблети надградени со уникатен софтвер за услуги за гостите и значајни информации за градот
  • Воведување на новини во исхраната преку надградба на менито на хотелскиот ресторан за да се задоволат потребите и на гостите со ограничувања во исхраната
  • Подготовка на две различни тури за странски и домашни туристи до одредени атракции во рамки на дестинацијата
  • Набавка на минибус за спроведување на планираните тури
  • Развој на ПР стратегија со план за комуникација која вклучува:
  • Изработка на два видео спота
  • Изработка на рекламни и електронски банери
  • Подготовка на статија за медиумите