Потпроект „Виа Динарика Македонија“

Потпроект „Виа Динарика Македонија“

Корисник
Здружение Мастсидониа – Скопје
Sponsor Logo
Дестинација
Охрид, Преспа и околината, Река, Маврово и околината, Тетово, Попова Шапка и околината
Sponsor Logo
Цел
Да се збогати туристичката понуда за активен туризам во три дестинации преку обележување на делот од пешачката патека „Виа Динарика“ во земјата и создавање рута која поврзува планини, села, патници, локални бизниси и заедници.
Вредност
  • Вкупен буџет за потпроектот: 8.308.899,00 денари
  • Европска Унија и Влада на РСМ: 7.478.009,00 денари
  • Мастсидониа – Скопје: 830.890,00 денари
Активности
  • Организирање работилници за подигање на свеста кај локалните чинители за можностите кои ги нуди пешачката патека „Виа Динарика“
  • Обележување на делот од пешачката патека „Виа Динарика“ во земјата и создавање рута која ги истакнува предностите (традиција, пејсаж, гастрономија и култура)
  • Создавање промотивна содржина (видео, документарен филм, фотографии и текст) за активностите и услугите што се нудат долж патеката
  • Изработка на мобилна апликација
  • Изработка на мапа – водич со сите информации за туристичките дестинации низ кои поминува патеката
  • Дизајнирање и промовирање на интернет платформа
Останати информaции
„Виа Динарика“ е мега пешачка патека чија должина изнесува речиси 𝟮𝟬𝟬𝟬 километри и се протега долж Динаридите, поврзувајќи 7 западно балкански економии: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Албанија и Северна Македонија. Делот на патеката во нашата држава се протега од Љуботен на Шар Планина, преку Реканскиот крај до Охридското Езеро им овозможува на активните туристи ново доживување. Партнер во спроведувањето на овој потпроект е Здружението за планинско трчање, алпинизам, експедиции, и адреналински активности во планина ТРЕКС – Скопје.