За проектот

Преглед на проектот

Основни информации

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) е четиригодишна инвестициска операција финансирана со дотација од Европската унија (ИПА 2) и се состои од четири компоненти. ПЛРК се заснова на сеопфатен пристап кон развојот на туризмот и управувањето со дестинациите и ќе обезбеди инвестициско финансирање и градење на капацитет како поддршка на растот на секторот, инвестициите во дестинациите и просперитетот на конкретните дестинации.

Развојната цел на проектот ПЛРК е подобрување на придонесот на туризмот во локалниот економски развој и подобрување на капацитетот на владата и јавните субјекти за поттикнување на растот на туризмот и олеснување на управувањето со дестинациите.

Компонента 1: Техничка помош за развој на туризмот (спроведувана од Банката)

Оваа компонента на проектот ќе го подобри капацитетот на институциите и деловното опкружување за поддршка на развојот на туризмот на национално ниво, преку советодавни услуги, аналитичка помош и совети за јавни политики. Подрачјата во фокусот произлегуваат непосредно од дијагностиката која ги нагласи клучните предизвици. Оваа компонента вклучува техничка помош за следниве активности:

  1. Подобрување на институционалната координација, вклучувајќи и помош за спроведување на препораките за зајакнување на механизмите за и резултатите од хоризонталната и вертикалната институционална координација кај институциите на централно ниво, помеѓу централното и регионалното односно локалното ниво и кај единиците на локална самоуправа
  2. Прегледување и дава мислење за нацрт Националната стратегија за туризам за периодот од 2016 година па натака, која е во подготовка, нејзиниот акционен план и влијанијата врз социјалните аспекти и животната средина.
  3. Подобрување на достапноста и користењето на податоците во насока на подобро изготвување на јавните политики, вклучувајќи и помош за поддршка на Владата во спроведувањето на препораките на тековната состојба со собирањето на податоците во секторот и нивната примена во творењето на јавни политики засновани на докази.
  4. Подобрување на деловното опкружување, вклучувајќи и финансирање на одредени анализи и совети за мерки поврзани со туризмот, особено во областите на индустриските стандарди, лиценцирањето, акредитацијата и регулаторното оптоварување на микро и малите претпријтија. e. Поддршка и навремен технички совет на ЕСП и агенцијата за спроведување, вклучувајќи ја тука и поддршката на Светска банка за спроведувањето на активностите на проектот. Ова подразбира, меѓу другото, изготвување на прирачник за грантови за финансиските инструменти во рамките на компонентата 3.
Компонента 2: Зајакнување на управувањето со дестинацијата и поволното опкружување

Оваа компонента ќе го поддржи спроведувањето на активностите за подобрување на развојот на туризмот на централно ниво и на ниво на дестинациите, вклучувајќи но не ограничувајќи се:

Пот-компонента 2.1: Капацитет, координација и јави политики на централно ниво

  • Обуки за јавно приватен дијалог и развој на туризмот;
  • Системи и опрема за спроведување на подобрувањата во собирањето на податоци и информации, поврзување со изготвувањето на јавните политики; и
  • Техничка помош за спроведување на реформи на деловното опкружување (вклучувајќи одредена опрема, како на пример за ИТ).

Пот-компонента 2.2: Управување со дестинации

ПЛРК ќе гради капацитети за управување со дестинациите во дестинациите кои учествуваат во проектот, за поефикасно управување со развојот на туризмот и обезбедување на поголеми влијанија за локалните луѓе. Оваа пот-компонента ќе обезбеди поддршка преку техничка поддршка и ограничена опрема односно услуги.

Управувањето со дестинациите ќе се подобри со примена на пристап насочен кон јавно-приватниот дијалог (ЈПД) со клучните чинители (вклучувајќи ги тука и туристичките бизниси и туроператори, општините, центрите за регионален развој, НВО, локалните институции за развој на вештини и обезбедување на услуги и други) во дестинацијата.

Компонента 3: Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите

Оваа компонента ќе поддржи клучни инвестиции кои ќе имаат влијание врз зголемувањето на привлечноста на одредени дестинации преку надградени понуди на производи и поврзувања со локалните економии за да се опфати поголем удел на економските придобивки. Компонентата ќе обезбеди средства за инвестиции во инфраструктурни и останати активности (обука, изданија, надградување на способноста на добавувачите итн.) во дестинациите кои учествуваат во ПЛРК.

Пот-компонента 3.1: Инфраструктурни инвестиции

Пот-компонента 3.2: Поврзувања и поддотации на иновации

Овие пот-компоненти претставуваат интегриран сет на мерки кои ќе ја подобрат привлечноста на ограничен број на туристички дестинации преку паметна комбинација на „меки“ и „тврди“ мерки. Финансираните предлози за потпроекти треба да: (1) ги исполнат потребите на областа/коридорот; (2) имаат позитивен економски и финансиски резултат; (3) привлекуваат дополнителни инвестиции од приватниот сектор и деловен развој; и (4) бидат одржливи со текот на времето. Интегриран со активностите за управување со дестинациите од Компонента 2, пакетот на интервенции ќе овозможи остварување на влијанија како што се создавање на работни места, привлекување на нови туристи, зголемен број на преноќувања по турист, зголемување на приходите и даноците генерирани од туристички активности и можности за учество на рурални, сиромашни маргинализирани заедници.

Компонента 4: Зајакнување на управувањето со Проектот

Оваа компонента ќе го поддржи капацитетот на ЕСП да осигури дека сите активности, спроведени во рамките на ПЛРК се спроведени делотворно. Ќе се финансира техничка експертиза (консултанти), обука, опрема, оперативни трошоци и опрема поврзана со спроведувањето, следењето и оценувањето на активностите на проектот.

Вработените и консултантите на ЕСП ќе бидат обучени, согласно со потребите, за туристички развој и управување со дестинациите, како и во концептите, јавните политики и активностите поддржани во рамките на ПЛРК. Вработените на ЕСП исто така ќе обезбедат и обука за општините/јавните субјекти корисници, за туристички развој, културно наследство, регионален развој и други сродни области.


Име

Проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Цел

Цел Подобрување на придонесот на туризмот во локалниот економски развој и подобрување на капацитетот на Владата и јавните субјекти за поттикнување на растот на туризмот и олеснување на управувањето со дестинациите.

Буџет

22.914.925 Евра
* Проектот е финансиран со грант од 18.000.000 евра од Инструмент за претпристапна помош II на ЕУ (ИПА II) и ко-финансиранладата на Република Северна Македонија со 3.176.471 евра.

Времетраење

14.01.2016 – 31.12.2019

Донатор

Европска Унија

Администратор

Светска Банка
* Проектот е администриран од страна на Светска Банка, преку доверителски фонд (Доверителски фонд за локална и регионална конкурентност во туризмот), со примена на соодветни насоки и постапки на Светска Банка за управување со животната средина и социјалните аспекти, финансиско управување, подршка за набавки и имплементација.

Одговорна институција за спроведување

Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања (КЗПВРМ)

Компоненти на проектот

ПЛРК се состои од четири компоненти:

Техничка помош за развој на туризмот Зајакнување на управувањето со дестинацијата и поволното опкружување Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите Зајакнување на управувањето со Проектот

Корисници

ПЛРК го подржува растот и развојот на туризмот на централно, регионално и локално ниво. Директни корисници на проектот се:

Субјекти на Централната власт; Регионални и локални засегнати страни (пр. Општини, Центри за регионален развој, асоцијации од приватниот сектор, итн.); Регионални и локални засегнати страни и претпријатија што спроведуваат проекти за подобрување на конкурентноста во дестинацијата и подобрување на туристичката понуда.

Улоги и одговорности

ПЛРК е управуван како Хибриден Доверителски Фонд.

Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања е институцијата задолжена за спроведување на проектот. Главната единица за спроведување на ПЛРК е Единицата за спроведување на проектот (ЕСП) основана во рамките на Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања.

Светска банка групација е одговорна за надзор на Проектот (компонентите 2,3 и 4) и спроведување на Компонента 1.

Делегацијата на ЕУ има советодавна улога во Управниот комитет на проектот.

Управниот комитет е составен од 9 претставници назначени од следниве институции:

Кабинет на Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, како Претседавач со Управниот комитет на проектот;
Секретаријат за европски прашања;
Министерство за финансии;
Министерство за економија;
Министерство за локална самоуправа;
Министерство за култура;
Министерство за транспорт и врски;
Министерство за животна средина и просторно планирање;
Агенција за унапредување и поддршка на туризмот


  • Дополнителни инвестиции на приватниот сектор во туристички активности во одбраните дестинации;
  • Зголемување на бројот на работни места поврзани со туризмот во одбраните дестинации;
  • Спроведување на реформите утврдени преку консултативен дијалог помеѓу приватните и јавните субјекти во рамките на процесот за управување со дестинациите;


Независен ревизорски извештај 2016-2017

Независен ревизорски извештај 2018

Независен ревизорски извештај 2019

Независен ревизорски извештај 2020-2021