Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, г-ѓа Мила Царовска, заедно со Министерот за информатичко општество и администрација г-дин Дамјан Манчевски, претставникот на Европската Унија г-дин Никола Бертолини , градоначалникот на Велес, г-дин Аце Коцевски и директорката на Проектот за локална и регионална конкурентност, г-ѓа Антонија Шишак извршија увид во градежните работи и текот на активностите на потпроектот „Смарт Езеро Младост – Прва иновативна туристичка атракција во Македонија“, кој е финансиран во рамки на ПЛРК.
Развој на туризмот во близина на вештачкото езеро Младост
Со инвестиции обезбедени од Европската Унија и Владата, езерото Младост станува прва иновативна туристичка атракција во земјава.
Во тек се инфраструктурни активности за збогатување на туристичката понуда со нови активности и подобрување на пристапноста и туристичката инфраструктура во дестинацијата.
„Преку оваа програма за поддршка на конкурентноста и локалниот економски развој навистина имаме можност да видиме дека со инвестиции преку локалната самоуправа и со поддршка од ваков тип на проекти создаваме атрактивни локации коишто секако ќе бидат посетени од домашни посетители, но и од странски посетители.
Со воведувањето на овие паметни елементи во опкружувањето на езерото како што е менаџирање со паркингот, детско игралиште, велосипеди коишто исто така се управуваат преку одредени паметни модели сметам дека се олеснува менаџирањето на општините со ваков тип на туристички локации коишто се многу значајни.
Огромна благодарност до Европската Унија и делегацијата во нашата држава коишто дадоа поддршка овој проект и оваа програма да се развива и имплементира во нашата држава и секако на Светска Банка којашто е партнер за имплементација”, истакна г-ѓа Царовска.
Министерот Манчевски истакна дека ова е извонреден пример како дигитализацијата, може да се примени и во рурални средини и во туристички места, секаде онаму каде што може да ги користиме придобивките од дигитализацијата.
„Дигитализацијата помага во отворање на нови работни места, во справување со последиците од пандемијата со ковид 19 и во зголемување и помагање на локалната економија, но ние мораме тоа да го правиме и на централно ниво“ дополни г-дин Манчевски.
Инфраструктурните активности во овој потпроект вклучуваат:
Покрај овие активности, се набавуваат велосипеди со смарт уред за управување, клупи на соларна енергија, полнач за електрични возила и урбана опрема.
„Овој проект е дел од многу интересна програма којашто овозможува многу проекти во целиот регион и е воедно директен одговор на последиците од кризата од пандемијата затоа што само со инвестиции и со кредибилитет државата ќе продолжи понатаму. Туристичкиот сектор кој беше најмногу погоден од кризата може да смета на нашата поддршка”, рече г-дин Бертолини.
Градоначалникот на Велес истакна дека, покрај тоа што езерото Младост е вештачко езеро, тоа и досега е привлечно за туристи.
„Езерото Младост е вештачко но е така добро склопено во просторот што претставува една целина. Посебно е важно да ги привлечеме странските туристи кои во текот на годината одат во Грција и на север кон Србија. Би сакал да се заблагодарам во име на граѓаните на Велес на Владата и на Европската унија за поддршката за финансирање на овој проект” истакна господин Коцевски.
Покрај потпроектот за развој на туризмот на Езеро Младост, преку ПЛРК, се потпишани договори за вкупно 61 потпроекти од кои 25 се целосно реализирани, а 36 се во тек на реализација.
Проектот за локална и регионална конкурентност се финансира од страна на Европската Унија и од Владата на Република Северна Македонија. Проектот го администрира Светска Банка, а истиот се спроведува од Кабинетот на Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања и за координација со економските ресори.