Инвестиции на под-грантови во инфраструктура поврзана со туризмот и поврзувања во дестинациите LRCP-1/17
Единицата за спроведување на проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран со грант од Европската унија, со задоволство ги кани сите заинтересирани подносители да достават предлози за изразување на интерес за поддршка на клучни инвестиции во инфраструктурни и останати не-инфраструктурни активности поврзани со туризмот. Овие активности ќе придонесат за зголемување на привлечноста на клучните дестинации преку подобрување на понудата на производи и поврзување со локалните економии, опфаќајќи поголем дел од економските придобивки во дестинациите.
Процесот за доделување е составен од две фази: изразување на интерес (ИИ) (прва фаза) и целосен предлог (втора фаза). Втората фаза се однесува само за оние баратели кои ја поминале проверката за квалификување на изразувањето на интерес.