• Почетна
  • За Проектот
    • Преглед на проектот
    • Факти за проектот
    • Очекувани резултати
    • Проектен тим
    • Годишни извештаи
  • Новости
    • Новости за проектот
    • Набавки
      • Тековни набавки
      • Завршени набавки
    • Настани
    • Е-весник
  • Потпроекти
    • Финансирани потпроекти
    • Прв повик
    • Втор повик
  • Дестинации
    • 10 Дестинации
    • Управување со дестинации
  • Документи
    • Правила за видливост
    • Планови за развој на туризмот
    • РУЖСС
      • Инфраструктурни потгрантови
      • Потгрантови за Микро / Мали претпријатија и Асоцијации
    • Останати документи
  • Контакт
EU MK WB

Откривај ги убавините во Охрид, Струга и Преспа

  • Почетна
  • Новости
  • Новости за проектот
  • Откривај ги убавините во Охрид, Струга и Преспа
Објавено од LRCP Team на 27 / 11 / 2020

Активирана веб платформата и мобилната апликација со поддршка од ПЛРК

Потпроектот „Охрид & Преспа То Гоу“ спроведен од страна на Здружението „Коцка“ – Скопје, наменет за поддршка и унапредување на туризмот во регионите на Охрид, Струга и Преспа, создава нова можност да се промовира туристичкиот потенцијал и да се зголеми економската активност на дестинацијата.

Развиената платформа lakes.mk заедно со мобилната апликација наменета за корисниците на двата оперативни системи, претставува едноставен туристички водич кој треба да ги поттикне туристите да ја посетуваат и истражуваат најпознатата дестинација во нашата држава.

Веб платформата, како дел од резултатите од проектот, има прегледна содржина и е оптимизирана за користење на сите видови уреди.
Платформата содржи база на податоци за постоечката туристичка понуда и вклучува природни убавини, гастрономска разновидност, културни богатства, сместувачки капацитети и останати привлечни содржини.

При создавањето на базата на податоци, покрај контактите со институционалните субјекти, комуницирани се и чинителите во туристичкиот сектор, пришто сите субјекти се поканети да станат дел од платформата, во зависност од природата на нивната туристичка понуда.

“We lake you” – Промотивна кампања

Промотивната кампања, „We lake you“ е реализирана како дел од проектот, преку социјални медиуми, портали и преку директен маркетинг.
Целна група на кампањата, покрај македонските туристи, се и туристите од соседните земји, претежно од Србија.

Камњата има за цел да ги привлече туристите да ја посетат дестинацијата, истакнувајќи ги особеностите на Охрид, Струга и Преспа од аспект на природното и културното богатство, како и нивната интегрирана туристичка понуда.

Повеќе информации: We lake you

Проектот за локална и регионална конкурентност е финансиран од Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија. Проектот се администрира преку Светска Банка, а се спроведува преку Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжени за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции.


Share

Поврзани објави

04 / 11 / 2020

Развој на туризмот на споменикот на културата – Старата скопска чаршија


Повеќе
10 / 10 / 2020

Нови возбудливи (аван)тури и подобар престој за млади во Кампот „Извидник“ – Струга


Повеќе
09 / 10 / 2020

Подобар престој и нови аван(тури) во хотел Пела – Охрид


Повеќе

Единица за спроведување на Проектот (ЕСП)

Проект за локална и регионална конкурентност

Адреса: Ул. Мирослав Крлежа бр.60/1, Скопје
Телефон: +389 2 3253 818
Електронска адреса: piulrcp@gmail.com

Оваа веб-страница е креирана и се одржува со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на Единицата за спроведување на проектот и не ги одразува ставовите на Европската Унија.

© ПЛРК 2019 - 2020
  • Не е достапен превод за оваа страница