Проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)


Подобрување на придонесот на туризмот во локалниот економски развој и подобрување на капацитетот на Владата и јавните субјекти за поттикнување на растот на туризмот и олеснување на управувањето со дестинациите.


22.914.925 Евра

* Проектот е финансиран со грант од 18.000.000 евра од Инструмент за претпристапна помош II на ЕУ (ИПА II) и ко-финансиран од Владата на Република Северна Македонија со 3.176.471 евра.


14.01.2016 – 31.12.2019


Европска Унија


Светска Банка

* Проектот е администриран од страна на Светска Банка, преку доверителски фонд (Доверителски фонд за локална и регионална конкурентност во туризмот), со примена на соодветни насоки и постапки на Светска Банка за управување со животната средина и социјалните аспекти, финансиско управување, подршка за набавки и имплементација.


Кабинет на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања (КЗПВРМ)


ПЛРК се состои од четири компоненти:

  • Техничка помош за развој на туризмот
  • Зајакнување на управувањето со дестинацијата и поволното опкружување
  • Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите
  • Зајакнување на управувањето со Проектот

ПЛРК го подржува растот и развојот на туризмот на централно, регионално и локално ниво. Директни корисници на проектот се:

  1. Субјекти на Централната власт;
  2. Регионални и локални засегнати страни (пр. Општини, Центри за регионален развој, асоцијации од приватниот сектор, итн.);
  3. Регионални и локални засегнати страни и претпријатија што спроведуваат проекти за подобрување на конкурентноста во дестинацијата и подобрување на туристичката понуда.

ПЛРК е управуван како Хибриден Доверителски Фонд.

Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања е институцијата задолжена за спроведување на проектот. Главната единица за спроведување на ПЛРК е Единицата за спроведување на проектот (ЕСП) основана во рамките на Кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања.

Светска банка групација е одговорна за надзор на Проектот (компонентите 2,3 и 4) и спроведување на Компонента 1.

Делегацијата на ЕУ има советодавна улога во Управниот комитет на проектот.

Управниот комитет е составен од 9 претставници назначени од следниве институции:

  • Кабинет на Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, како Претседавач со Управниот комитет на проектот;
  • Секретаријат за европски прашања;
  • Министерство за финансии;
  • Министерство за економија;
  • Министерство за локална самоуправа;
  • Министерство за култура;
  • Министерство за транспорт и врски;
  • Министерство за животна средина и просторно планирање;
  • Агенција за унапредување и поддршка на туризмот