Рамка за политики за раселување (РПР)

Оваа Рамка за политики за раселување (РПР), која ги опфаќа прашањата на принудно раселување и експропријација (принуден откуп на земја) е подготвена од страна на Кабинетот на Заменик Претседател на Влада за економски прашања, институција, која е назначена како агенција за спроведување. Ова е еден од клучните документи на Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК) финансиран со дотација на Европската Унијата (ИПА 2) и администриран од Светска Банка.

Овој документ ги зема во предвид пристапите и политиките за експропријација (принуден откуп на земја) и раселување, воспоставени од Владата, Светска Банка и најдобрите меѓународни практики. Документот обезбедува рамка за осигурување усогласеност со барањата на сите засегнати страни, со цел да бидат применети најстрогите барања на секоја од засегнатите страни.


 

Превземи